Де Мео го објаснува заминувањето на Абитебул

Главниот извршен директор на Рено, Лука де Мео, откри дека потребата за пдобра интеграција на брендот Алпин со матичната компанија, довело до напуштање на поранешинот Формула 1 тимски шеф, Сирил Абитебул.

Французинот беше на чело на Формула 1 тимот на производителот од враќањето на Рено со фабрички тим во спортот во 2016 година, но во пресрет на оваа сезона и реструктурирањето на менаџментот, тој остана прекуброен. Тед Кравиц во Бахреин откри своја теорија дека Сирил бил одговорен за тоа што не го испорачал 3то место за конструкторот лани.

Но, де Мео открива дека отпуштањето на Абитебул е поради потребата Рено да донесат свежина со Алпин како и да се даде можност на новиот менаџмент да го поведе тимот во нови патишта.

прашањето за абитебул е комплицирано. алпин е нова “приказна“ за нас и ќе беше многу тешко да се задржи сирил – изјави де мео за ртл.

Потоа дополни:

ако им требаше поддршка на рено, знаеја дека може да сметаат на нас, но сакаа да останат подалеку. сега алпин е целосно инетгриран во брендот и стратегијата на рено груп. треба луѓе кои се дел мал и агилен тим, но во исто време имаат и силни врски со групацијата – додаде де мео.

Во моментов Алпин Ф1 е менаџиран од двајца, оперативниот шеф Марцин Будковски и тркачкиот директор Давиде Бривио и двајцата одговараат пред Главниот извршен директор на брендот, Лорен Роси поставен лично од де Мео.

роси е инженер за мотори, многу е страствен и обожав да работи со механичарите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ