Де Мео очекува победи од Алпин догодина

Главниот извршен директор на Рено, Лука де Мео, очекува Алпин Формула 1 тимот да победи на 1-2 трки следната година.

53-годишниот италијанец го превзема раководењето со францускиот производител минатото лето и веднш почна да го менува учество она компанијата во Формула 1. Екипата ќе биде ребрендирана во Алпин сезонава, првиот човек, Сирил Абитебул, веќе го напушти тимот, а беа назначени и нов главен директор во спортскиот бренд како и нов шеф на тркачкиот оддел.

Неодамна во свое интервју, Де Мео најави дека цел е да бидат подобри одошто минатата сезона во која три пати завршуваа на подиум. Во однос на блиската иднина, тој бара повеќе од тимот со новите правила кои ќе стапат на сила од следната сезона.

мораме да бидеме повпчатливи за време на телевизиските преноси следната година и да не има повеќе по весниците, што значи подиуми и победи барем на 1-2 трки – ја откри де мео целта во своето интервју за германски Frankfurter Allgemeine.

вистинска шанса за нас ќе дојде по 2022 година и промената на праивлата. формула 1 за рено е историјата за алпин, средиште на нашиот бизнис. учествуваме на трките 43 години, а болидите од фабриката во дипе сега се произведуваат во француски вифи и англиски енстоун.

за нас алпин значи спорт, конкурентност, тркање и примена на технолошкото ниво на рено. сакаме да создадеме бренд без емисија на штетни гасови, но во исто време и спортски.

сакам да ја променам душаа на брендот и корените да ги насочам кон иднината, а алпин помага во тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ