Де Мео ја откри целта за оваа сезона

Главниот извршен директор на Рено, Лука де Мео, има една единствена цел за Алпин Формула 1 тимот, а тоа е да бидат подобри одошто претходната сезона.

Лани фабричкиот тим заврши на 5то место кај конструкторите со три подиуми и вкупно 181 поен и огромно подобрување во вториот дел од сезоната, но на крајот од истата го загуби чекорот во трката со Мекларен и со Рејсинг Поинт.

да се биде подобар од претходната година значи д се освојат повеќе подиуми.

формула 1 за рено е историјата на алпин, тоа е центар на нашиот бизнис откако сме дел од оваа тркачка серија цели 43 години уште со болидите произвеувани во фабриката во диапе, пример на француската индустрија се до тркачките машини од вири и енстоун.

алпин за нас значи спорт, тркање и конкуренција, користење на технолошката надмоќ на рено на пат каде треба да направиме еколошки бренд кој не загадува, но е спортски. сакам да ја видам душата на брендот и корените на историјата во проект насочен кон иднината, а тоа е алпин – вели де мео.

Со новото име дојдоа и целосно новите шари кои веќе беа објавени, но со напомена дека ќе се користат само на зимскиот тест, а болидот ќе го носи името А521. Екипата ќе има и нов возач во ието на двократниот шампион, Фернандо Алонсо.

Од екипата замина шефот Сирил Абитебул, негова замена сеуште не е назначена, но брендот Алпин доби нов Главен извршен директор како и Директор на одделот за тркање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ