Де Феран: Напредокот на Мекларен го покажува квалитетот

Ветувачката форма на Мекларен на почетокот на Ф1 сезоната го истакнува квалитетот на вработените, смета спортскиот директор Жил де Феран.

Мекларен имаше проблематична 2018 година и заврши на шесто место во пласманот, а неколку клучни фигури како одговорниот за шасијата Тим Гос, главниот инженер Мет Морис, како и тркачкиот директор, Ерик Були, си заминаа од тимот.

Мекларен го вработи Џејмс Кеј како нов технички директор, но тој почна да работи само од Бахреин, додека Андреас Сејдл нема да ја започне својата улога на оперативен директор се до почетокот на Мај.

Мекларен се пласираше со два болида во К3 во Бахреин, додека Ландо Норис успеа да ја заврши трката на шесто место. Карлос Саинз пак, го истакна потенцијалот при дуелот со Макс Верстапен на почетокот.

Ако се присетите на минатата година јас секогаш велев дека имаме одлични луѓе во Мекларен. Мислам дека малите промени во организацијата кои ги направивме и начинот на кој соработуваме, талентот се покажува.

Ова е напор од тимот, а тим кој соработува е тоа што прави огромна разлика. Постоеше многу напор на таа тема, како да работиме подобро заедно? Како да соработуваме подобро? Севкупно, ние се подобривме со истиот персонал.

Се надевам дека ќе продолжиме со тоа, ова беше прв викенд за Џејмс, така што тој е ново лице.

Андреас ќе започне подоцна во годината, но мислам дека се додека продолжиме да се подобруваме како соработуваме и работиме заедно ќе продолжиме да бидеме подобри. Често тие пофалби не се споделуваат доволно.

Мислам дека една од добрите работи е тоа што болидот се однесува како што очекувавме. Нашите инженери ги разбираат слабостите на болидот годинава и малку по малку се обидуваме да ги поправиме и да го подобриме болидот.

Се надевам дека ќе продолжиме да ги правиме овие чекори напред што побргу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ