Де Феран се враќа како консултант во Мекларен

Поранешниот спортски директор на Мекларен, Жил де Феран, повторно е вратен во тимот, но овој пат како советник односно консултант во екот на реструктуирањето на екипата.

По заминувањето на Андреас Сеидл на крајот од минатата година која замина за позицијата Главен извршен директор на Заубер, неговата замена, Андреа Стела, заедно со Зек Браун, направија темелни промени во техничкиот оддел. Техничкиот шеф Џејмс Кеј замина, а неговите одговорности ги превземаа тројца инженери, вклучително и Давид Санчез кој дојде од Ферари.

Двократниот Чамп Кар првак, де Феран, кој работеше крај Стела во тимот од 2018 до 2020 година, се враќа во Вокинг како консултант.

жил е во основа консултант, неоперативен, неизвршен и во таа улога ќе му дава совети на мене и на главниот оперативен директор, пиерс тин.

Стела дополни дека де Феран, кој уште во Мајами почна да работи за тимот, ќе ги поддржи актуелните највисоки менаџери со совети во врска со правилата и трошењето.

сметаме дека жил буквално ќе додаде коњски сили на нашето ракоаовдство со своето искуство. тој има огромно тркачко знаење, силен е да идентификвуа и поддржи талент. одличен тренер е, има фантастичен стратешки ум, така што со леснотија разговара со инженерите.

да бидам искрен, не знам како знае толку технички работи, но одлична личност е и сакам да го имам крај себе.

во минатото веќе докажавме дека можеме да бидеме успешни со жил во тимот како во 2018 година кога бевме во тешка позиција и се вративме по очајното 9то место во конструкторскиот поредок на 3то. тоа беше најлошата сезона во историјата на мекларен и за само неколку месеци поставивме здрава насока за во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ