Ди Реста смета дека Астон треба брзо да го мотивираат Себ

Пол ди Реста, коментаторот и аналитичар на британски Скај, а поранешен тимски колега на Себастијан Фетел, смета дека на возачот на Астон Мартин му треба дополнителна мотивација оваа сезона.

Четирикратниот првак ги пропушти првите две трки поради корона вирусот, првата тренинг сесија во Мелбурн ја заврши 15 минути пред време поради проблеми со моторот, а на вториот тренинг не ни возеше поради тоа што тимот работеше на промена на агрегатот.

го гледав интервјуто по тренинг сесиите на себ и се гледа дека тој не е воопшто возбуден. изгледа незаинтересирано, така барем е изразот на неговото лице.

го знам себ многу долго време, бевме тимски колеги во 2006 година, тоа што го видовме не е неговиот говор на телото кога тој сака нешто да прави и кога дава се од себе.

не е мое да кажам, тоа е работа на астон, а и тие немаат лесна сезона до сега. не знам колку брзо може да го поправат болидот, имаа огромно реструктуирање и имаат ново раководство. треба да разсмилуваат како да го мотивираат за во иднина – посочи ди реста.

Поранешниот возач на Бенетон, Џони Херберт, се сложи со проценката на ди Реста и ги предупреди Астон дека мора да најдат начин за брзо да го мотивираат возачот.

проблем е мотивацијата која секогаш е многу важна за еден возач. не знам кој може д прочита, но ако тој е едно со болидот, мотивацијата му се враќа, така што тимот мора што побрзо да му даде добар пакет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ