Доменикали ги охрбарува екипите да ги најдат “дупките“ во новите правила

Стефано Доменикали, шефот на Формула 1, не отфрла можноста некоја екипа да најде “дупка“ во новите правила и да се оддели на врвот на почетокот од сезоната.

Новите болиди за 2022 година ќе изгледаат радикално поинаку во однос на претходната генерација со цел да се врати блиската борба, полесното следење и честото претекнување помеѓу возачите. Како и секогаш при голема промена на правилата, истото претставува голема можност за дизајнерите и инженерите во фабриките да најдат иновативни и сложени решенија со кои ќе заобикоалт некое правило, на легален начин, и ќе стекнат предност во однос на останатите.

Последна таква промена беше воведувањето на двојниот дифузер од страна на Браун во 2022 година.

може да се случи како во 2009 година затоа што со нови правила, никој не може да претпостави дали некоја екипа ќе најде “дупка“ во истите – посочи доменикали.

Иако не негира можност да се појави некаква “дупка“ во регулативата, Доменикали се сомнева дека некоја екипа ќе шокира и ќе се оддели на врвот и ќе има многу насоки на разојот кои ќе бидат следени.

очкувам една до две екипи да следат различен развоен пат и тоа ми е поверојатно одошто некој да најде некаква недореченост во регулативата и да ја искористи.

Спортот премиерно го покажа изгледот на новите болиди на овогодинешното издание на Британското Гранд При во Силверстон, но Доменикали посочи дека се работи само за база и дека очекува некои екии да иамат различни решенија.

болидите треба да им овозможат на возачите да имаат жестоки дуели константно во текот на трката. ако ме прашате дали очекувам густ поредок уште на правата трка, одговорот е негативен. но, поради ограничувањата за натамошен развој и ограничувањето во трошењето, гридот треба многу брзо да се збие.

како и да е, навистина сум нетрпелив на новит еболиди, ми кажаа дека некои екипи изгледаат многу поразлично од моделот кој го презентиравме на силверстон. верувајте ми многу сум љубопитен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ