Доменикали: Интересот за Ф1 во Вегас е четири пати поголем одошто за Супербол

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, откри дека Гранд При трката во Лас Вегас, штом била потврдена за следната година, имала четири пати поголем онлајн интерес одошто Супербол настанот кој Вегас ќе го организира во 2024 година.

Трката ќе дебитира догодина во Ноември буквално низ центарот на коцкарската престолнина и ќе биде трета трка во САД.  Кон крајот на минатата година беше официјално потврдено дека своето финале, популарната НФЛ американска лига во 2024 година ќе го има во Лас Вегас на Allegiant стадионот, а Доменикали потврди дека таа вест имала четири пати помал интрес на Интернет одошто официјалната потврда на Формула 1 трката во Невада.

официјално ја потврдивме гранд при трката во лас вегас за ноември 2023 година кога ќе имаме гранд при трка во сабота навечер на легендарниот strip во центарот на градот, така што не можевме да смислиме поглауморозен спој. организација на трета трка во сад само ја покажува нашата решителност да искористие од растот на спортот во државата.

всушност, 24 часа по официјалната објави, огромните Wynn и Encore хотели имаа повеќе барања за резервации одошто било кога претходно во нивната историја. исто така, официјалната потврда за трката донесе четири пати поголема активност на социјалните мрежи одошто потврдата за супербол натпреварот во 2024 година – изјави доменикали.

Формула 1 за прв пат ќе се јави и во улога на промотер на настанот, за која цел Либерти Медиа купи земјиште од 240 милиони долари каде ќе биде официјалниот падок. Грег Мафеи, првиот човек на Либерти Медиа, самиот ја откри таа вест и најави дополнителни инвестиции, иако одби да зборува за бројки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ