Доменикали не смета дека на Ф1 и е потребна уште една екипа

Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, фрли сомнеж во напорите на Андрети да се приклучи на гридот како 11ти тим, велејќи дека секој нов влез треба да биде навистина значаен.

Американскиот тркачки бренд Андрети моментално се залага да се приклучи на Формула 1 гридот во 2024 година. Се чини дека само Мекларен и Алпин го поддржуваат притисокот на Мајкл Андрети за формирање нова Формула 1 екипа, откако видоа како неговата понуда да го преземе Заубер, кој управува со тимот на Алфа Ромео, пропадна минатата година иако договорот беше речиси финализиран.

Андрети се состана со претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем во Мајами за да разговара за неговите планови и откри дека продолжува со изградбата на објектот за Формула 1 тмот во Индијанаполис, почнувајќи од ова лето. Но, шефот на Формула 1, Доменикали, сега ја доведе во прашање потребата да се додаде 11ти тим на гридот, посочувајќи ја како многу позитивна атмосферата на постоечкиот грид во услови на актуелен бум на серијата.

Говорејќи на Форумот Business of F1 организиран од страна на Financial Times и Motorsport Network во Монако во петокот, Доменикали рече дека тоа е прв пат во неговиот живот секој Формула 1 тим да е во добра состојба и никој да не се бори финансиски.

Тие се многу цврсти и ова е нешто што е голема награда за нив – рече Доменикали.

Тие инвестираа во нас и тоа е причината зошто ние веруваме дека заедницата на тимовите треба да се почитува.

Денес не е проблем да имаме повеќе тимови, бидејќи имаме список. Некои од нив се поприсутни од другите, но имаме многу луѓе или многу инвеститори кои би сакале да бидат во Формула 1.

Но, ние треба да ги заштитиме тимовите. Ова е навистина уште еден знак за многу здрав систем.

На прашањето дали мисли дека Формула 1 го има вистинскиот број на тимови во моментов, Доменикали додаде:

Мислам дека е така И ако некој сака да влезе, тоа мора да биде навистина значајно.

Секој нов тим кој сака да се приклучи на гридот мора да плати 200 милиони долари за разводнување на идните приходи, пари кои треба да бидат поделени помеѓу сите други тимови, според условите на последниот Конкорд договор.

Но, како што Формула 1 продолжува да расте комерцијално и се зголемуваат вредностите на тимовите, се појавија сомнежи дека оваа еднократна исплата не е доволна за да се надомести намалувањето на наградниот фонд. Навистина значајниот интерес на кој се повикува Доменикали се подразбира дека се големи производители.

Се чини дека и Ауди и Порше ќе влезат во Формула 1 според ревидираните регулативи за моторите од 2026 година, но тоа би го направиле преку партнерства со постоечките тимови, што се смета дека е план на Порше со Ред Бул, или потенцијално стекнување на друг влез.

Извршниот директор на Либерти Медиа, Грег Мафеи, не сподели премногу за можноста Порше и Ауди да се приклучат, но рече:

Го слушнавме претседателот и извршниот директор на групацијата Фолксваген да даваат некои изјави што сугерираат дека се заинтересирани. Ќе го прифатиме само како негов збор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ