Доменикали: Ограничениот буџет треба да е пример за фудбалот

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, верува дека фудбалот треба да учи од Гранд При тркањето во врска со финансиите и да го ораничи трошењето во период во кој актуелно беше формирањето на ултра-богатата Супер Лига.

Најмоќните и најбогати европски клубови направија обид да се оддела во Супер Лига со цел да ги максимизираат своите приходи, но Европскат фудбалска федерација (УЕФА) го спречи тој обид и ја врати ситуацијата по старо.

Во Формула 1 не се новина такви обиди за бегство откако во 2000-те години се формираше Гранд При Светски ШАмпионат кој немаше успех, а Асоцијацијага на Формула 1 екипите (ФОТА), која веќе не постои, сакаше своја серија во 2010 година, но не успеа да ја создаде.

Во последните години се поголем е нагрдниот фонд за екипите, а дополнително од оваа година е ограничено и трошењето со цел изедначување на гридот и создавање на одржлива тркачка серија.

Доменикали смета дека спортот мора да се фокусира на трошоците со да се избегне судбината на Супер Лигата и сличните обиди за бегство од историската тркачка серија, а смета и дека фудбалот треба да учи да ги менаџира финансиите како Формула 1.

во формула 1 до сега имавме две ситуации кога имаше риик од создавање на паралелен шампионат и отакжување на некои екипи поради приходи. во моментов формула 1 има различен пристап согласно кој се обидуваме да ги контролираме трошоците. не е коинциденција дека оваа година е прва од ограниченото трошење што дава различна димензија на финансиската одржливост на екипите.

мислам дека ова е првиот проблем кој светот на фудбалот треба да го нападне и да го реши на брз начин – посочи доменикали.

Италијанецот посочи и дека со цел да се заджи допадливоста и одржливоста, спортот ќе притиска кон технологија на хибридни мотори и биогорива.

ќе останеме хибридна формула 1 и ќе имаме еколошки одржливи горива. веќе има активности во општеството за овие работи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ