Досега ниту еден позитивен тест на Корона

Од Формула 1 потврдија дека нема ниту еден позитивен тест за КОВИД-19 по втората рунда на проверки, во која беа изведени преку 4,500 тестови.

Формула 1 спроведе 4,566 тестови за Корона вирусот помеѓу 3 и 9 Јули над возачите, тимовите и вработените, а досега нема ниту еден позитивен случај. Ова е втор пат да се извршат тестови во одложената Формула 1 сезона која започна минатиот викенд во Австрија.

Севкупно, преку 10,000 тестови се направени во Австрија, од кои сите се негативни.

ФИА и Формула 1 потврдуваат дека изминатава недела се направени 4.566 тестови над возачите, тимовите и персоналот. Од тие, нема ниту еден позитивен случај – гласи во соопштението на Формула 1.

Формула 1 воведе ригорозни хигиенски протоколи над сите вработени со цел да се има безбедна атмосфера, вклучувајќи и задолжително носење на маски и социјално дистанцирање кога е возможно. Ригорозните тестови се извршуваат секој пет дена, а вработените мора да прикажат доказ од негативен тест за да им биде дозволен влез во падокот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ