Другович го одработе првиот Ф1 тест со Астон на Силверстон

Фелипе Другович имаше деби Формула 1 тест со Астон Мартин чија поддршка ја има откако стана Формула 2 првак и комплетираше повеќе од 300 километри со ланскиот АМР21 болид на тилот од Силверстон на патеката близу нивната фабрика.

Тестот беше прво појавување на бразилецот во Формула 1 болид откако доби доволно поени на својата супер лиценца за да може да вози и на официјален тренинг за време на официјален Гранд При викенд. Тимот повеќе потврди дека на последната трка во Абу Даби, возачо ќе добие шанса во болидот на Ленс Строл.

Другович, како Формула 2 првак веќе нема право да се трка во таа тркачка серија и следната година ќе биде резерва во Астон Мартин откако претходно стана дел од нивната новооснована Академија за млади возачи.

моето прво формула 1 искуство беше неверојатно, научив многу работи неопходни за да се подготвам за официјалниот викенд во абу даби. времето не беше совршено, но извозев доволен број кругови за да се навикнам на гумите пред да заврне и да возам и на такви гуми.

перформансите беа неверојатни, менувањето брзини многу мазно, речиси неприметно, а грипот во кривините за неверување.

навистина уживав во денот и тоа беше прва шанса да почнам да работам соодветно со тимот на тркачка патека. им благодарам на сите што ми го овозможија ова – задоволен беше другович од својот тренинг.

Другович ќе учествува и на постсезонскиот тест на Јас Марина во Абу Даби по крајот на Гранд При викендот на 22 Ноември.

фелипе одлично одработе денеска на силверстон, многу брзо се адаптираше на болидот, на променливите услови и имаше одличен ритам.

секогаш е возбудливо да се види млад возач како ги прави првите чекори во формула 1 болид, а фелипе навистина максимално ја искористи можноста. тој е интелигентен млад возач кој работи напорно со инженерите, професионален е, има перформанси и дава одлични повратни информации – посочи мајк крак, шефот на тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ