ДТМ е прва голема европска серија која ќе почне со трки

Американски Наскар од минатата недела се трка, а најсилниот Индикар ќе стартува на почеток на Јуни, но тркањето во Европа сеуште не е почнато, а слично на фудбалот и во моторспортот Германија ќе биде прва која ќе го сркши мразот.

По само четири денови тест на германски Нирбургринг ДТМ сезоната ќе почне на 8 Јуни, но прво ќе треба да бидат задоволени сите услови кои ги пропишува Владата на земјата.

Марсел Мохаупт, Претседател на ДТМ, во својата изјава ги откри насоките за тестирањето кои се строги како за било кој друг настан.

ќе воведеме превенција на било какви инфекции за сиот персонал кој е вклучен а тоа ќе знаи строги правила на дистанцирање, ограничување на посетителите како и строге регулација на хигиентата.

Во Март серијата за прв пат објави провизорен календар во кој 11 и 12 Јуни беа “безицирани“ како датуми за отворање на сезоната, а првата трка е предвидено да биде на Норисринг, а официјалниот и целосен календар следува наскоро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ