Екипите не сакаат отстранување на дупката во правилата за спринт квалификациите

Недоречености во правилата за новите спринт квалификации се појавиј во Азербејџан но екипите го сропира обидот на ФИА да се промени правилото и да се отстрани таа недореченост.

Правилото кое го регулира користењето на гумите во трите квлификациски сегменти за спринт квалификациите посочува какви гуми мора да се користат, но недостасува обврска да се чуваат нови сетови. Намераа беше првите два сегменти да се одработат со нови медиум пневматици, а за последниот сегмент да се имаат нови софт гуми, но правилото е напишано на начин на кој не создава обврска за екипите да имаат такви гуми.

ск3 периодот од спринт квалификациите мора д се вози со еден сет нови гуми од софт компонентата доколку трката е сува – вели правилото.

Тоа значи дека ако некоја екипа не предвидува дека има сила да стигне до последниот сегмент во нормални услови, може да се коцка и да не сочува софт за сабота и наместо тоа да ги пробаат сите црвено маркирани сетови на тренингот во петок и квалификациите за главната трка потоа. Тоа може да биде од голема предност за побавните болиди кои користат меки гуми уште од првиот квалификациски сегмент на нормалните квалификации за да напреднат.

Доколку екипата предвиди дека не може да стигне до СК3 на спринт квалификациите и не сочува меки гуми за тоа, а стигнат до последниот дел, едноставно, нема да учествуваат во истиот и ќе стартуваат од последното место во тој дел, односно од 10та позиција.

Ваквата недореченост беше воочена во Петок наутро кога ФИА закажа состанок со екипите и закажа гласање кое со едногласност можеше веднаш да го промени првилото и да ја отстрани дупката. Но, екипите не сакаа ваква промена во последен момент и ФИА не го доби потребниот број гласови од нив.

Така, правилото останува непроменето викендов, а се очекува повторно да се стави на дневен ред на трката во Имола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ