ЕСПН ќе пренесува Ф1 и следните три години

Формула 1 и ЕСПН се договорија на тригодишно продолжување на соработката, така што преносите од врвната моторспорт тркачка серија ќе бидат пренесувани на каналот поседуван од компанијата Волт Дизни до крајот на 2025 година.

Спортот се врати на каналите на ЕСПН во 2018 година, тој период со одличен договор со челниците на спортот, а новото продолжување на соработката е под далеку поголем финансиски бенефит за Формула 1, иако цифрите не се објавени. Фактот што САД ќе имаат дури три трки следната година и ултра популарната серија на Нетфликс, го направиј интересот за спортот огромен. Со тоа, САД стана многу важен пазар за спортот заедно со досега водечките Британија, Германија, Италија, Бразил и Јапонија кои традиционално генерираат најголем приход по основ на телевизиски права.

формула 1 забележа огромен раст во америка, трките се распродадени, а телевизиската публика урива рекорди. дополнително го носиме лас вегс во календарот следната година, крај веќе постоечките остин и мајами и веруваме во три спектакуларни настани.

еспн има огромен удел во растот на квалитетот на прености на спортот. возбудени сме што продолжуваме со соработката и со пренесување на страста од формула 1 на гледачите во америка – посочи стефано доменикали.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ