Жан Алези стана Претседател на Пол Рикар

Поранешниот Формула 1 возач на Ферари, Жан Алези, стана Претседател на автодромот Пол Рикар.

Популарниот французин кој има 201 Гранд При трка во својата кариера и победи на Канадското Гранд При во 1995 година со Ферари, ќе работи заедно со директорот на патеката, Стефан Клер.

почестен сум со оваа нова улога која ми се доверува. патеката пол рикар го означува почетокот на мојата тркачка кариера и ја потврди мојата страст во моторспортот. осврнувајќи се на моите години како млад возач, никогаш не замислував дека ќе дојдам до оваа позиција, но некако судбноносно ми е – посочи алези.

Тој е роден во Авињон на југот од Франција и дебитираше на Француското Гранд При на Ле Кастеле како возач на Тајрел, млад и брз пилот кој го освои својот пр поен на своето деби.

оваа патека е мојо живот во моторспортот. во моментов работи под полна пареа и работиме на настаните.

кога бев помлад, ја гледав мојата прва формула 1 трка таму, а како гледач бев и на зимските тестови слушајќи што се зборува во гаражите. во тоа време тимската комуникација не беше толку развиена и ги слушав разговорите на прост и сена со екипите, што ги памтам цел живот.

над се, пол рикар беше патеката на моето прво гран при во 1989 година кога потпишав на една трка со тајрел, а останав во спортот 200 трки.

Формула 1 на Пол Рикар се возеше од 1971 до 1990 година, потоа престана, но францускиот автодром се врати во календарот во 2018 година, а последната трк се одработе лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ