Жителите на Вегас вознемирени од подготовките за трката

Жителите на Лас Вегас се вознемирени од подготовките за Формула 1 трката која ќе се одржи во Ноември поради работата која е потребна да се подготви градот и патеката.

Спортот се враќа во Невада оваа година на целосно нова градска патека по легендарниот центра на градот, Стрип, делот пред најголемите хотели. Како дел од подготовките за настанот, улиците ќе добијат нов асфалт кој е во согласност со Ф1 стандардите.

потпишавме договор на 10 години и знаеме дека првата година ќе биде најтешка затоа што треба да учиме како се работи, да го асфалтираме патот за во иднина.

има луѓе кои ќе бидат вознемирени и нервозни од целата работа, но штом ќе се среди се, тогаш ќе уживаме. нема место во светот како лас вегас, а формула 1 ќе биде прекрасна тука – изјави комисионерот на областа.

Сепак, локалното население мора да биде подготвено на работата која е потребна за трансформација затоа што градот го очекува економска корист од астрономски 1,3 милијарди долари. Користа се очекува да биде драстично поголема од проектираниот економски бенефит на Супер Бол следната година кој ќе се одржи во градот и се очекува да генерира помеѓу 600 и 800 милиони долари.

ми кажаа дека секоја формула 1 трка е посебна франшиза со која раководат локалците. оваа не е така затоа што формула 1 не сакаше така и го променија начинот на работа затоа што сфатија дека користа ќе биде преголема.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ