Caesars продава карта за трка во Лас Вегас за 5 милиони долари

Новата трка во Лас Вегас ја понуди на продажба најскапата карта во историјата на Формула 1. 

Ф1 ќе вози во Лас Вебас наредната година и тоа на претпоследната трка. За прв пат во речиси 40 години во Невада ќе се вози трка откако порасна интересот за спортот во Америка, пред се благодарение на серијата на Нетфликс. 

Императорскиот пакет ќе му понуди единсвено искуство на сопственикот на билетот. Во него има 12 билети за Падок клуб, храна и пијалоци без ограничување, шетање низ боксовите и посебно Caesars Enterntainment искуство на патеката. Приватната вечера за 12 лица ќе биде хостирана од шеф Нобу Матсушиса во Нобу Скај Вила. 

Сопственикот на билетот ќе има личен шофер и Ролс Ројс за време на престојот и посебен домаќин кој ќе му овозможи да го искуси Вегас во сите седум ѕвезди кои ги има Caesars Palace. Покрај се ова гостинот ќе има можност да присуствува и на распродадениот концерт на Адел. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ