Жу бил загрижен за повреда на рацете и пожар

Жу Гуанју вели дека бил загрижен за потенцијален пожар во неговата несреќа во Силверстон и првично не сфатил каде слетала неговата Алфа Ромео.

Кинезот доживеа застрашувачка несреќа на почетокот на неделната трка за Големата Награда на Британија, откако најпрво имаше контакт со Џорџ Расел. Болидот на Жу се преврте, се влечеше по асфалтот, пред да удри и да се префрли преку бариерите од гуми, а потоа да се заглави помеѓу гумите и заштитната ограда предтрибините.

Зборувајќи детално за несреќата за прв пат во четвртокот, Жу изјави:

За мене, кога се случи превртувањето, првото нешто што се обидов да направам беше да ги пуштам рацете од воланот бидејќи никогаш не знаеш, можеш многу да си ги скршиш рацете лесно со таков удар.

Додека се тркалав на земја знаев дека ќе се соочам со голем удар бидејќи болидот не застануваше, па се обидов да се ставам себе во најбезбедна можна положба, само чекајќи го последниот удар.

Само ги држев рацете наназад и одржував разумна напнатост за да не се фрлам наоколу кога ќе го имам последниот удар. Така беше, па во основа само го чекав последниот удар.

Откако запрев, не знаев каде сум затоа што бев наопаку, а следното нешто што почувствував беше протекување.

Не бев сигурен дали е од моето тело или од болидот, па само се обидов да го исклучам моторот бидејќи моторот сè уште беше вклучен во тој момент. Знаев дека ако дојде до пожар ќе биде тешко да се изгасне, па го исклучив моторот и тогаш се беше во ред – се присети гуанју.

Жу објасни дека не сфатил каде застанал неговиот болид додека не ја видел снимката.

Успеав да се извлечам и медицинскиот тим ме стави во медицинскиот автомобил, па сфатив дури потоа.

Не знаев што се случи, кој ме удри, затоа што одев директно до белата линија пред свиокот 1 и одеднаш дојде до голем удар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ