Пирели ќе донесе нови гуми за Британија

Производителот и доставувач на гуми во Формула 1, Пирели, откри дека ќе донесе нова, поцврста конструкција на гуми на трката за Големата награда на Велика Британија. 

Тимовите почнаа многу да профитираат од потисната сила со болидите, а Пирели мора да донесе посилни гуми на трката во Силверстон во Јули.  Потегот не е од безбедносни причини, но е како мерка на претпазливост да не се случи проблем. Компонентите остануваат исти како и до сега. 

Италијанците сметаат дека нивото на потисна сила е на ниво кое го очекувале на крајот на сезоната. Од прикажаното во Мајами, тимовите имаат голем напредок и на наредните трки ќе донесат надградби со кои би биле побрзи. 

По разговорите со ФИА, Пирели одличија да донесат нова конструкција на гумите на 9 Јули за трката во Британија и објави дека ќе ја тестираат новата конструкција наредниот месец во Шпанија. 

Видовме зголемување на перформансите на овие болиди споредено со минатата сезона на првите трки.

Во Мајами, пол позицијата беше две секунди побрза од минатата сезона, а Симулацијата на Пирели е продуктот да ги погоди целите од корисниците и да спречи проблеми.

Спецификацијата користи материјали развиени за наредната година што ги прави гумите поотпорни. Тимовите ќе може да ја тестираат новата конструкција со два екстра сета на Т1 и Т2 во Шпанија – изјави Марио исола. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ