Жу горд на себе: Веднаш испорачав тоа што се бараше

Формула 1 влезе во нова ера оваа сезона без да знае колку се комплексни новите правила. 

Но една работа беше загарантирана и тоа дека Жу Гуанју ќе ја добие наградата за почетник на годината и покрај тоа што беше единствен почетник на гридот сепак му беше заслужена. 

Од Формула 2 тој влезе во Алфа Ромео како колега на Валтери Ботас. 

Тој е првиот кинез во Ф1 и смета дека многу научил од својот колега Ботас. 

Среќен сум со прогресот што го направив како возач бидејќи Ф1 прави голем притисок. Бев загрижен за тоа дали ќе се справам со притисокот но се беше во ред. Постигнав повеќе од тоа што се очекуваше иако не завршив неколку трки, сепак го покажав потенцијалот што го имам. 

Жу имаше неверојатен успех во Формула 2 и брзо ги стиша сите критики дека е спонзориран возач. 

Од првата трка на која освоив поени притисокот го снема. Среќен бев со постигнатото на патеката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ