Жу е клучот за привлекување на кинеската публика

Членот на Рено академијата, кинезот Гуан Жу, е очаен да го направи последниот голем чекор и да влезе во Формула 1 со цел ја засили популарноста на тркачката серија во родната Кина.

Иако има 21 година, Жу се приклучи на Академијата на Рено откако ја напушти онаа на Ферари во 2018 година и од тогаш стана значајно име во Формула 2. Во 2019 година тој беше најдобриот млад возач во серијата со пет трети места додека во 2020 година дојде до победа. 

Како најдобар јуниор на Рено, тој отвора голем пазар на производителот во Кина, придобивка која французите сакаат да ја искористат. 

Главна цел за мене е да ја добијам супер лиценцата и подоцна да се подготвам за влез во Формула 1. Тоа е мојот сон и не знам кога тоа ќе се случи, Но би рекол дека сум поблизу од било кој кинески возач.

Последниот чекор е супер лиценцата и подоцна да видам колку опции имам. Во 2019 година кога бев на трката во Кина, сите прашуваа кога ќе ме видат во Формула 1. Тоа ме поттикна, Државата ме подржува да го остварам мојот сон.

Ќе ме дознаат многу луѓе во мојата држава, тоа се случило и претходно кога има добри вести од спортот. Се надевам јас ќе бидам тој – посака жу.

Жу беше дел од тестот на млади возачи на крајот на 2020 година со Рено покрај Фернандо Алонсо кој се враќа во спортот во 2021 година. 

ТОј ми даде многу совети и му благодарам на тимот. Не е само возењето, туку и менаџирањето на болидот и како да сум подобар на квалифиакциите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ