Жу: И покрај пандемијата, Ф1 станува се поинтересна во Кина

Жу Гуанју верува дека Формула 1 станува се попопуларна во неговата родна Кина и покрај рестрикциите кои ги има во земјата поради пандемијата. 

Жу живее во Велика Британија уште од 2012 година и стана првиот кинески возач во Формула 1 откако потпиша со Алфа Ромео. Но, поради политиката на Кина кон корона вирусот, не се одржува ниту една трка во земјата од 2020 година, а сезонава повторно беше откажан настанот. 

Разочаран сум, но ми беше очекувано бидејќи не ги отвориме границите доволно брзо. Кога видов дека трката е закажана за во април, знаев дека нема да се одржи, прашање беше само на време. 

Кина е најголем пазар за автомобили и е одлично место за спортови како Формула 1. Првата трка се одржа во 2004 година и од тогаш полека расте интересот, но последната трка се одржа во 2019 година. Но, сопствениците на Формула 1 се одлучија да се посветат на американскиот пазар. 

Не се сомневам дека билетите брзо ќе се распродат. Се надевам дека ќе се подобри пазарот како во последните години откако станав возач. Многумина сакаат да дојдат на патеката и да гледаат трки – посочи жу.

Кинеските фанови немаат многу Формула 1 таленти.

МИслам дека е најважно да имаме домашна трка за да може да се почувуствува домашната публика и енергијата на спортот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ