Силверстон со промени на првата кривина по страшното излетување на Жу лани

Славната патека Силверстон ќе го модификува делот крај првата кривина како мерка на претпазливост, а по ланскиот судар на Гуанју Жу по стартот на трката.

Џорџ Расел стартуваше бавно лани, иницираше контакт со Пјер Гасли крај него, болидот на Мерцедес се изврте и удри во Жу во пресрет на првата кривина. Кинезот се преврте во болидот кој неколку пари ротираше низ песочниот дел за да заврши во оградата пред публиката.

Гуанју иако седеше подолго во болидот мина без никакви проблеми, но ФИА ги засили критеримите при тестирањето на силата на болидите преку намалување на висината коај ќе се примени при тестовите за хомологирање на шасиите.

Оперативниот шеф на Силверстон, Стјуарт Прингл објасни:

зимава многу работевме и поставивме голем асфалтен дел крај првата кривина со кој го заменивме песочниот со цел да спречиме болидите да се вкопуваат и превртуваат, нешто што видовме лани дека е огромен проблем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ