Жу и самиот е изненаден од својата дебитантска сезона

Дебитантот на Алфа Ромео, кинезот Гуанју Жу, има одличен прв дел од сезоната и посочи дека и самиот е изненаден од своите перформанси во врвната моторспорт тркачка серија.

23-годишникот кој стигна на гридот со голем спонзорски пакет зад себе беше во голема мера економски избор на екипата од Хинвил, но швајцарците не погрешија. Заврши во поени на својата прва трка во Бахреин, а редовно има силни перформанси иако поради проблеми со издржливоста на болидот често и не завршува трки.

се на се сум многу задоволен. изненадив многумина со моите влезови во к3 на квалификации, но се изненадив и себе затоа што не сметав дека ќе дојде до тоа во мојата прва формула 1 сезона. навистина имав одлични постигнувања и ќе биде уште подобро во иднина.

од друга страна, секако дека имав поголеми очекувања затоа што и покрај тоа што сум дебитант, сметам дека неуспех е ако завршам квалификавии во првиот сегмент, тогаш сум вознемиран.

на почетокот од годината и со тоа се помирував, но сега смета дека секој викенд минимална цел е да дојдам до к2 – посочи кинезот.

Неодамна, кинезот беше силно пофален и од својот шеф, Фредерик Васур, кој посочи дека тој има се што е потребно како на патеката, така и надвор од неа.

мислам дека сите цели кои ги поставивме ги постивнавме, можеби некаде сме и подобри, но незавршените трки и сударите беа лоши.

во однос на к2 и к3 во квалификациите, секогаш кога доаѓав во средниот сегмент, сакав да дојдам до топ 10 и редовно го правев тоа. има работи кои треба самиот да сфатам како да ги правам подобро.

пред се мислам на стартовите со кои како екипа се мачиме, неконстантни сме и непредвидливи на почетокот. тоа сакаме да го подобиме како екипа и се надевам дека многу скоро ќе се поправиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ