Жу најбрз, но не се занесува

Кинезот Гуанју Жу призна дека поставување на најбрзото време во текот на вториот ден тестирање во Бахреин значи малку затоа што е само тест, иако му било убаво да се види на врвот според постигнатите времиња.

Возачот на Алфа Ромео возеше круг за 1.31.610 околу Шакир и го остави Макс Верстапен зад себе, иако, за волја на вистината, неговиот круг беше постигнат со две нијанси помеки гуми споредено со тој на Макс кој беше минимални четири стотинки побавен.

Ланскиот тест швајцарците од Алфа Ромео го комплетираа со многу проблеми и беа претпоследни по одработениот број на кругови. Годинава се далеку подобри во петок Жу одработе 133 кругови, а првиот ден заедно со Валтери Ботас имаа 138 обиколки.

свесни сме дека ова е само тестирање и сите работат согласно своја програма, но убаво е да си го видам моето име на прво место.

денот беше позитивен, имавме многу километри и ги комплетиравме сите поставен ицели поради што можам да кажам дека сум задоволен. болидот беше разумно добар во текот на денот, но и штом зајде сонцето, така што убеден сум дека можам да притискам и повеќе – посочи кинезот.

Откако возачите на Алфа Ромео го поделија првиот тест ден, Жу доби цел петок за себе, на должност во сабота е Валтери Ботас, така што следен пат кога Гуанју ќе седне во Ц43 ќе биде Бахреинското Гранд При следниот викенд.

денеска беше последен ден тестирање за мене и нетрпелив сум да ја почнеме сезоната. мислам дека сум подготвен, а знам дека сум многу возбуден за сезоната која ни претстои и не можам да очекам да почнеме д асе тркаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ