Жу несигурен во домашна трка догодина

Кинескиот возач, Гуанју Жу, е загрижен за Формула 1 иднината на својата земја откако догодина четврти пат по ред Кина нема да биде дел од тркачкиот календар.

Шангај е првично ставен во календарот со датум во Април, откако последните три години кинезите не организираа трка поради рестрикциите предизвикани од пандемијата.

возбуден сум од самата идеја дека може да имаме кинеско гранд при. чекор напред е самото тоа што шангај е дел од следниот календар и навистина се надевам дека ќе се тркаме таму – оптимист е жу.

Но, кинеската Влада продолжува со својата стратегија за “нула толеранција“ кон пандемијата така што движењето е ограничено, а рестрикциите големи.

нема сомнеж дека постојат многу ограничувања. кога видов дека трката е закажана за во април, знаев дека ќе биде многу тешко за одржување затоа што претходно се надевав дека ќе се тркаме таму во вториот дел од сезоната.

во април веќе е трка со времето за да се осигураме дека се ќе биде во ред затоа што рестрикциите поради пандемијата во кина се големи, карантин сеуште постои и ќе биде многу сложено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ