Жу останува во Алфа Ромео и наредната година

Алфа Ромео Ф1 потврдија дека Жу Гуанју останува со тимот и наредната сезона.

Овие вести се очекуваа веќе некое време и сега е познато дека тимот ја искористил опцијата да продолжи со кинескиот возач и наредната сезона.

Жу освои поени на своето деби со Алфа Ромео, но и подоцна во неколку наврати заврши во топ 10. Тимот е имрпесиониран од неговиот однос и посветеност.

Фред Васур, шефот на екипата, верува дека Жу е изненадувањето на сезоната и ќе напредува уште во наредната.

Со нетрпение очекувам да ја продолжам работата со Жу. Од ден на ден тој продолжува со напорната работа со тимот и тоа има позитивен ефект.

Знаеме дека е брз и за брзо време се адаптираше во тимот. Тој покажа интерес да поставува прашања и да учи од инженерите и од Валтери. Има искуство сега и ќе биде уште подобар наредната година.

Жу е презадоволен од дадената шанса.

Влезот во Ф1 ми е исполнување на сонот и ќе остане со мене. Тимот ми дава поддршка уште од првиот ден да се адаптирам. Имам уште многу што да покажам и направам во спортот. Имам многу да научам и тоа може да се направи само со напорна работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ