Жу откри: Очекувањата се поголеми годинава

Кинескиот Формула 1 возач, Гуанју Жу, откри дека Алфа Ромео влегуваат во сезоната со поголеми очекувања одошто претходно по охрабрувачката ланска сезона.

Жу освои поени на своето деби во Бахреин, но потоа имаше уште само неколку топ 10 пласмани, а врв му беа 8те места во Канада и Италија.

За време на паузата тој се врати во родната Кина, прв пат од средината на 2000-та година, така што откри дека е подготвен да напаѓа со цела сила.

како дебитант, формула 1 секогаш е голем предизвик, минав низ многу различни ситуации, многу подеми и падови. среќен сум на тоа што го постигнав во мојата прва сезона, а годинава дефинитивно очекувањата се поголеми.

едноставно, сакам да постинам повеќе поени за тимот и за себе и да успеам да стигнам повеќе од 8мо место. тоа беше мој најдобар пласман лани, така што би било одлично да дојдам до некој топ 6 пласман годинава и поредовно да доаѓам во к3.

мислам дека имаме доволно добар пакет за тоа, сепак, свесен сум дека ќе биде тешко во средината од поредокот, разликите се минимални, детали се во прашање, но целам на помалку грешки и поголема константност.

Кинезот верува дека искуството кое лани го собрал ќе му помогне многу во годината која претстои.

лани во бахреин и на првите неколку трки бев нервозен, но годинава сум сигурен дека ќе бидам далеку порелаксиран. беше голем предизвик да се вози на толку многу патеки во текот на сезоната. годинава ќе биде ментално многу поразлично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ