Жу: Поради слабиот напредок не се гледаат моите перформанси

Кинезот Гуанју Жу верува дека слабиот напредок на Алфа Ромео во текот на сезоната го крисе неговото лично подобрување и неговите перформанси.

 

Жу имаше поен преку 10то место до кое стигна на послената трка во Монца и тоа беа први негови поени од Канадското Гранд При во Јуни. Тој ги искористи казните на возачите во Италија и тргна од 9то место за да дојде до топ 10 пласман. 

По двојните поени во Монтреал, Алфа влезе во лоша серија и се оддалечи од 4то место кај конструкторите за кое на почетокот на сезоната имаше сериозни намери така што во моментов имаат половина од поените на Алпин и се борат да го задржат 6то место каде конкуренти им се Хаас и АлфаТаури.

многу е важно да освојуваме поени секој викенд, но дефицитот во перформанси станува се поголем. на пример, зандворт не беше брза патека, а јас давав се од себе за топ 10, но не успеав.

штета затоа што сезонава навистина многу напреднав, но нашите конкуренти се чини дека напредуваат со болидите побрзо од нас. во моментов немам резултат како на почетокот од сезоната кога требаше да освоиме повеќе поен – свесен е кинезот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ