Жу призна дека лизгањето во Монако бил престрашно

Гуанју Жу изјави дека неговото лизгање додека се обидел да го мине Јуки Тсунода на излезот од тунелот во Монако било многу страшно, по што следувала радио порака до тимот дека му требаат нови панталони.

Возачот на Алфа Ромео беше дебитант на патеката низ Кнежевството и тргна од последното место на гридот откако го предизвика црвеното знаме во првиот квалификациски сегмент, а настанот го заврши на 14та позиција.

Кинецот беше 16ти по прекинот кој го предизвика Мик Шумахер и се најде зад Тсунода сакајќи да го претекне јапонецот. Дојде блиску зад него низ тунелот, мина на левата страна од патеката за да претекне пред Нувел шиканата, но болидот излизга и тој мораше да продолжи право и да ја пресече шиканата.

Кинезот одлично го исконтролира својот болид за да не заврши во оградата и по трката објасни оти тоа било најдобра можност за претекнување, но минувањето преку влажен дел ќе било кобно за него.

беше мокро во внатрешниот дел на кривината, а нема многу слипстрим кој може да го фатите за да се забрзате. тоа беше еден од круговите кога бев најблиску до јуки и морав да се обидам да минам од внатре во последен момент. за жал тој се обиде да покри колку што може повеќе и во тој момент јас минав низ еден влажен дел и едвај успеав да го задржам болидот на патека – раскажа жу.

Грешката на Гуанју му овозможи на Николас Латифи да му ја превземе позицијата, но тоа за кинезот не е битно затоа што напаѓал и дал се од себе за подобар пласман.

не беш емногу пријатно во кокпитот, всушност страшно беше во тој момент и убаво ќе ја прегледам снимката.

Неделниот настан беше прва Формула 1 трка за Жу во Монако откако претходно возел таму само Формула 2 болид и призна дека било многу поинаку.

вербата во болидот ми недостасуваше, но јасно е дека не требаше да тргнеме од последно место. беше тешко, една од потешките трки за мене, но очекувавме различни услови. дожд е тешко на било кој патека, а секако најмногу во монако.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ