Жу фокусиран на останување во Алфа

Кинезот Гуанју Жу е фокусиран на задржување на своето Формула 1 место во Алфа Ромео догодина, а преговорите ќе продолжат по крајот на летната пауза.

Кинезот е овогодишен дебитант во спортот во кој влезе преку Алфа Ромео откако заврши на 2ро место во Формула 2 минатата година и стана колега на Валтери Ботас во целосно новиот тандем на тимот од Хинвил. Жу во моментов го држи едно од ретките слободни места на гридот и сака таму да продолжи и во иднина.

не сум разговарал со тимот, но среќен сум и добро се прилагодив овдека во алфа ромео. мислам дека веќе се докажав дека можам да бидам брз и сега само треба да продолжам да бидам константен и да се подобрувам чекор по чекор до крајот на сезоната. досега сум задоволен од работата со тимот – изјави гуанју.

Кинезот импресионираше во својата прва Формула 1 сезона, дебитираше со 10то место на отворањето на сеоната во Бахреин, а потоа дојде и до 8мо место во Канада во Јуни. Техничкиот шеф на Алфа, Јан Мончу, минатиот месец посочи дека неговиот кинески возач е изненадување на сезоната во однос на перформансите, а со тоа се согласи и шефот Фред Васур.

во моментов не се чувствувам загрижен за следната година, ќе размислувам за тоа кога ќе продолжи сезоната во белгија. досега добро се прилагодив на тимот, се чувствувам одлично и добро со тоа што го правам. мислам дека можам да работам исто како и до сега, да имаме само подобри трки и не гледам зошто не би останал во екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ