Зандворт доби ново име и највисока оценка

Автодромот Зандворт доби ново име и официјално ќе биде познат како CM.com Circuit Zandvoort, а во исто време доби и оценка од прво ниво од ФИА, највисока оценка која е потребна за организација на Гранд При тркачки викенд,

Новото име е промовирано вчера во текот на настан за новинарите со кој раководел Јан Ламерс, директорот на Гранд При трката и Роберт ваб Овердијк, директорот на патеката. Двајцата го најавиле официјалното пуштање во употреба на целосно новите гаражи крај патеката.

СМ е техничка компанија која е зад секоја дигитална инфраструктура на патеката и стана главен спонзор на автодромот кој ќе го носи нејзиното име. Контролата на трка има ново седиште, медицинскиот тим исто така, поставена е нова ограда како и најмодерни бариери против судари, нешто што беше многу важно за ФИА да даде оценка од највисок ранг на патеката која уште оваа година требаше да биде домаќин на враќањето на Формула 1 во Холандија. Федерацијата ги направила последните проверки во Јуни, а на 7 Јули официјално била доделена највисоката оценка.

Последното Гранд При на Зандворт се случи во 1985 година, така што враќањето на спортот на легендарната патека беше дочекано со огромна возбуда, а автодромот беше буквално целиот реновиран. Но, пандемијата ја откажа трката откако промотерите немаа намера да организираат трка без гледачи со трошоци на нивна сметка, но следната година би требало се да биде вообичаено.

бевме целосно подготвени за првата трка и сеуште сме и морам да признаам дека завршивме неверојатна работа благодарение на фановите, партнерите и владата.

заедно со формула 1 го откривме потенцијалот кој може да го има трка подоцна во текот на годината, но не сакаме да ја враќаме формула 1 овдека без гледачи, затоа што тоа треба да биде спектакл за сите наши фанови во холандија.

бараме трпение од сите, верувајте дека јас сум многу нетрпелив да видиме болиди на зандворт по пауза од 35 години – изјави ламерс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ