Зандворт не би плаќал за трка без публика

Организаторите и промотерите на Холандското Гранд При во Зандворт би организирале Формула 1 трка без публика само и единствено доколку спортот ги покрие трошоците за тоа, откри спортскиот шеф на настанот, Јан Ламерс.

Холандија требаше сезонава да се врати во календрот по пауза од 35 години со трка на 3 Мај, но пандемијата на Ковид-19 го оневозможи тоа и ги стави во групата со уште 9 патеки кои до сега ги одложија или откажаа трките.

Владата на Холандија забрани големи јавни настани до Септември, но Формула 1 се надева дека трки во Европа ќе има без присуство на публика за да се испочитуваат насоките на Владите од соодветните земји.

секако дека ние сме заинтересирани да и помогнеме на формула 1 да оргнизира трка и да ја започне оваа кризна сезона, но не можеме да дозволиме да трошиме наши пари за тоа. фактот дека без публика нема да имаме никаква заработка, а треба да инвестираме многу време и енергија за да му помогнеме на спортот.

автодромот зандворт мора да постапи одговорно особено од финансиска гледна точка. да кажам едноставно, организација на трка не треба да не чини пари и ако фом и либерти сакаат трка на зандворт без гледачи, мора да ги платат сите оперативни трошоци, а тоа се значителна сума на пари – откри ламерс.

Спортот секако дека годинава ќе ја заврши со драстично намален приход, но сеуште постои надежта дека ќе се состави календар кој ќе содржи 15-18 трки. Иако некои патеки нудат организација на трки без публика, не е откриен договорот кој евентуално би го имале со Формула 1 и трошоците зад истиот.

Дури и патеки како Хокенхајм и Имола кои не се наоѓаат на овогодишниот календар, нудат да организираат трки без публика.

Ламерс сака договор кој е ги стави на исто рамниште со оние кои се нудат на спортот за кои вели дека сакаат организација годинава, но само под услов да заземат место на календарите за трки во годините кои следат.

разликата е тоа што хокенхајм и имола веројатно ќе понудат да организираат трка оваа година бесплатно, трка која нема либерти да ги чини ништо. но, потоа сигурно ќе се обидат да останат на формула 1 календарот сметајќи дека помогнале во кризата и треба да им се оддолжат.

Огромниот интерес во Холандија за Макс Верстапен највуваше преполна трка која се распродаде за многу кусо време, но Ламерс е трпелив велејќи дека огромниот настан преполн со фанови ќе биде одложен за по крајот на пандемијата.

можеби ќе ни треба една година повеќе, но дали ќе се вратиме во календарот по 35 години или по 36 години не е многу важно.

можеби е подобро пандемијата да биде далеку зад нас за да можеме да организираме целосно нормален настан. ова што сезонава го планиравме теоретски е невозможно со социјално дистанцирање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ