Зандворт не е реален во новата игра на Кодмастерс

Главниот архитект задолжен за реконструкцијата на холандски Зандворт, Јарно Зафели, смета дека патеката не е добро претставена и не е реална во најновата Формула 1 игра на Кодмастерс која е официјална. Компанијата Кодмастерс објави кусо видео на кое се гледа и се минува по закосената кривина на Зандворт која треба да биде заштитен знак.

иако играта сеушт есе работи, многу детали не се реални. очигледно е дека кривините не се толку драматични како што се реално, старите кривини се оставени исти, а Хугенхолтз во реалноста е далеку пострмен. во играта кривината изгледа рамно и многу поразлично од тоа што возачите ќе го искусат во реалноста кога ќе се тркаат таму – објасни зафели.

Тој смета дека најдобар доказ за неговото тврдење се изјавите на Макс Верстапен како единствен возач кој промотивно возеше на реновираната патека со Формула 1 машина.

ми кажа дека не можел ни да го види врвот на кривината, исто како и на 11от и 12от свиок кои ќе бидат огромен предизвик на патеката. поради тоа патеката ќе биде тешка за возачите, многу од кривинит есе буквално “слепи“.

Архитектот се пожали дека и други работи на патеката не биле реално прикажани како на пример трибините и приодот до првата кривина.

дуната пред првата кривина повеќе не е таму.

како што јас знам, кодмастерс земаа податоци за патеката од фом на почетокот пред да се направат било какви прилагодувања на автодромот. веројатно не добиле никакви нови податоци откако патеката беше одново направена затоа што од нашата компанија дромо не беше побарано ништо иако ние сакаме да помогнеме патеката да биде колку што може пореално прикажана.

доколку кодмастерс направат некакви прилагодувања пред играта да биде официјално пуштена во продажба ќе биде одлично за фановите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ