Заубер и Ауди ја кријат продажбата

Неименуван тимски шеф изјави дека Фолксваген го крие купувањето на Формула 1 тимот на Заубер од страна на нивниот бренд Ауди. 

Веќе неколку новинари изјавија дека се чека момент на промоција на соработката на Порше со Ред Бул. 

На домашната трка на Ред Бул на 10 јули во Спилберг ќе има официјално соопштение за соработката за Порше и Ред Бул – изјави Роже Беноа. 

Но, Ауди беше поврзуан со некои тимови и се чини дека веќе го направил својот избор. 

Не разбирам зошто Заубер и Ауди ја кријат соработката. Ауди веќе купи 25 проценти од акциите и за Уште 50 проценти веќе се е договорено. Тоа се многу пари. 

Заубер кој во моментов вози под брендот Алфа Ромео не го потврдува тоа. 

За мене сеуште Вилијамс е фаворит. Имаат добри врски со Германија и Фолксваген – изјави Фред Васур. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ