За Вилнев, Верстапен е многу сличен со Алонсо

Жак Вилнев, пораншениот Формула 1 првак, направи споредба помеѓу Фернандо Алонсо и Макс Верстапен откако двајцата тргнаа од првиот ред за Канадското Гранд При.

Нандо имаше најдобри квалификации сезонава со своето 2ро место во Монтреал и покажа колку е важно искуството при возење на трка во тешки услови. Заврши на 9то место по проблем со моторот кои го назадуваа, но покажа зошто е двократен првак со толку многу талент.

Вилнев е поранешен колега на Алонсо откако заедно возеа за Рено за време на четири трки о 2004 година, една година пред двојната титула на Алонсо.

му требаше малце време да влезе во ритам со алипин и буквално да го натера тимот да работи за него во насоката која ја сака во однос на развојот. годинава имаше и некоку несреќни моменти било да е тоа со стратегијата, промената на гуми откажувањето на болиди и слично. во канада моторот имаше дефект при што назадуваше, а не му се погодија ниту промената на гуми и виртуелното безбедносно возило.

има некаков малер со него годинава и кога и да разговарам со него ми вика дека никмако да му тргне. тој е неуморен, тој е како макс, никогаш во ништо не се откажува. страствен тркач, борец, се што ќе намисли сака да оствари и секогаш е гладен за повеќе – посочи канаѓанецот.

Шпанецот ќе наполни 41 година следниот месец и е најстар возач на гридот, но Жак верува дека неговото искуство може да надомести било каков проблем кој може да го предизвика болидот.

возраста е важна затоа што губите желба да ризикувате, не сакате да се жртвувате и повеќе сакате да сте дома наместо на патеката. тогаш станувате се побавен и повеќе тркањето не е се.

физички во модерно време подобра е исхраната и подготовката, не стареете толку брзо, но се зависи од тоа колку брзо се трошите додека се тркате.

но, тој има огромна желба, можеби е 1-2 десетинки побавен од порано, но брзо компензира со искуство. како што гледате, има огромно искуство, не е млад, но покажува дека може против секого.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ