Здравствената состојба на Ројтеман е стабилна

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен аргентински сенатор, Карлос Ројтеман, останува на оддел за интензивна нега по неколкуте епизоди на внатрешно крварење кои ги имал, но докторите открија дека неговата здравствена состојба е стабилна.

Минатиот Петок, Ројтеман, кој беше вицешампион во 1981 година кога Нелсон Пике освои титула, беше пренесен од Санта Фе болницата во друга болница во Росарио по внатрешно крварење и потреба од интензивна нега. Одтогаш тој е на оддела за интензивн нега во Санаторио Парке болницата, но ситуацијата му е стабилна по неколку интервенции направени врз него.

Од болницата во Среда објавија дека состојбата драстично му е подобрена и дека политичарот и поранешен Формула 1 возач е свесен и не покажува знаци на дополнително внатрешно крварење по процедурите извршени во него во Вторник.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ