Карлос Ројтеман на интензивна нега

Поранешниот Формула 1 возач, аргентинецот Карлос Ројтеман, е префрлен на интензивна нега во болница во родната земја откако имал внатрешно крварење во органите за варење и состојбата се повеќе му се влошувала.

79-годишникот кој во моментов се бави со политика, заврши на второ место во возачкиот поредок во 1981 година, сезона во која титула освои Нелсон Пике, а во Среда бил примен во Санаторио Санта Фе болницата. Во Петок од болницата објавиле дека состојбата на моментално Сенаторот е клинички стабилна, но следувало внатрешно крварење по што докторите одлучиле да го префрлат на интензивна нега во друга болница во Росарио, оддалечена 170 километри.

Последните години Ројтеман има тешки здравствени проблеми откако во 2017 година имаше рак на црниот дроб, се оперираше во Њу Јорк таа година кога му беше отстранет туморот, но одтогаш здравствената состојба не му е добра и ретко се појавува во јавноста.

Карлос наполни 79 години имнатиот месец, има 146 Гранд Пти трки зад себе од 1972 до 1982 година. Дебитираше на домашната Гранд При трка во 1972 година за Брабам, тимот на Берни Еклстон, крај двократниот шампион Граем Хил, а потоа се тркаше и за Ферари, Вилијамс и Лотус.

Во деценија како дел од врвната моторспорт класа, победи 12 пати, 6 пати дојде до пол позиција и 46 пати заврши на подиум. Во 1981 година дојде на само поен од титула откако водеше во најголем дел од првенството, а третопласиран завршуваше во 1975, 1978 и 1980 година.

Откако се повлече од Формула 1, се тркаше и во Светскиот рели шампконат, а потоа се насочи на политиката и е дел од Сенатот од 2003 година. Два пати беше Гувернер на републиката Санта Фе, а во 2003 година му беше понудено да се кандидира за Претседател, но одби.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ