Ројтеман повторно вратен во болница

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен аргентински сенатор, Карлос Ројтеман, повторно е примена на интензивна нега во Санаторио Парк клиниката во Санта Фе оваа недела откако здравјето нагло му се влошило.

Минатиот месец Ројтеман беше хоспитализиран 16 денови во болница откако имаше здравствени проблеми меѓу кои и внатрешно крварење. 71-годишниот аргентинец имаше неколку операции кои се поажаа успеашни, здравјето драстично му се подобри и беше пуштена да се врати дома.

Сепак, ситуацијата повторно се влоши, добил треска и имал знаци на дехидрација по што повторно бил вртен во болница во Вторник.

во вторникот попладне сенаторот карлос ројтеман имал лоша медицинска слика и општа состојба. следуваа компликации и поради тоа решивме да го префрлиме на одделот за интензивна нега во болницата. резервирани сме околу прогнозата, а дијагностиката продолжува – гласи соопштението од болницата во санта фе.

Во 2017 година Карлос имал операција во Њу Јорк поради рак на внатрешен орган, а се верува дека скорешното влошување на здравствената состојба е резултат на тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ