По 17 денови, Ројтеман отпуштен од болница

Поранешната Формула 1 ѕвезда и сегашен Аргентински Сенатор, Карлос Ројтеман, е отпуштен од болницата во Росарио откако беше третиран за внатрешното крварење повеќе од две недели.

На почетокот од месецов Ројтеман беше примен на интензивна нега во локалната болница во неговиот роден град, Санта Фе, поради проблеми со хематом во дигестивниот систем. Четири денови подоцна докторите решиле да го префрлат со хелихоптер во друга болница во Росарио, оддалечена 170 километри.

По неколку интервенции неговата состојба драстично се подобри минатата недела по што 79-годишникот минатата Недела беше преместен од одделот за интензивна нега.

Тој остана во општиот дел на болницате уште шест денови додека неговиот напредок беше будно следен, а во Петок, по 17 денови во болница, беше пуштен дома.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ