Ројтеман не е повеќе на интензивна нега

Поранешниот Формула 1 возач, аргентинецот Карлос Ројтеман, не е повеќе на интензивна нега и сега е префрлен во болничка соба во Розарио. 

Тој беше хоспитализиран по внатрешно крвање откако се одлучи да направи ентероскопија. Сега тој е свесен и нема знаци на дополнително дигестивно крварење, а неговата состојба е подобрена и не е повеќе на интензивна нега. 

Во неговата Формула 1 кариера има извозено 146 трки од 1972 до 1982 година и има победено на 12 трки, освоил 6 пол позиции и 46 подиуми. Своето деби го имаше во 1972 во Аргентина за Брабам со Берни Еклстон покрај Греам Хил и подоцна возеше за Ферари, Вилијамс и Лотус. 

Во 1981 не ја освои титулата за само еден поен и таа му припадна на Нелсон Пике. Во 1975, 1978 и 1980 година беше трет во шампионатот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ