Иднината на Гасли е поврзана со Перез

Пјер Гасли од АлфаТаури изјави дека неговите планови за Ред Бул наредната година зависат од перформансите на Серхио Перез. 

Гасли е дел од АлфаТаури откако беше вратен во тимот по неуспешниот обид во сениорскиот Ред Бул. Перез доби едногодишен договор со Ред Бул, но сеуште нема добиено продолжување на истиот. 

Мислам дека е јасно дека се е во раце на Ред Бул. Макс има договор за наредната година, а Серхио има едногодишен договор. Јас имам договор со нив уште некое време и сигурен сум дека ќе добијам одговори по летната пауза – најави французинот.

Гасли е искусниот возач во АлфаТаури и смета дека тој е лидер во напредокот на тимот. 

АлфаТаури сака лидер кој ќе го води тимот напред и Имаме одлична соработка. како возач секогаш сакам да сум во најдобриот болид и да се борам за добри позиции, но сега се фокусирам на користење на целиот потенцијал на секоја трка.

Се зависи од перформансите на Серхио и дискутираме за доста позитивни работи. Очекувам вести во наредните недели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ