Илот: Формула 1 е одлична

Калум Илот го имаше своето деби со Алфа Ромео овој викенд на првиот петочен тренинг во Португалија, откако го замени Антонио Џовинаци во болидот. 

Илот претходно требаше да дебитира во Формула 1 на тренинг со Хаас на Ајфелското Гранд При лани, но тоа беше откажано поради лошото време. Денеска тој заврши на 17та позиција со заостанување од 0,4 секунди зад Кими Раиконен. 

Очигледно јас морам да одам полека. Морам да имам искуство, Да научам како функционираат гумите и немав лошо време на хард гуми, Но на софт имав мал проблем дури да го научам грипот.

На почетокот се мачев, но подоцна се навикнав. Мислам дека сум среќен со сесијата и ги откривав ограничувањата на тимот. Многу научив за мене и за тимот. Им благодарам на Алфа Ромео за укажаната шанса – вели илот.

Британецот е член на Академијата на Ферари и сеуште е возбуден од неверојатната Формула 1 машинерија. 

Имав неколку добри и лоши моменти. Од моја страна го имав првото искуство за тимот и овие болиди се неверојатно брзи. Сеуште сум возбуден, но мора да се смирам. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ