Илот ќе вози Алфа Ромео на тестот во Абу Даби

Калум Илот ќе добие шанса да се врти во тимот на Алфа Ромео на тестот за млади возачи кој ќе се одржи на Јас Марина во Абу Даби по крајот на Гранд При трката на патеката.

Формула 2 возачот, член на Академијата на Ферари, имаше тест за екипата од Хинвил во Барселона во Мај, а требаше да одработи и петочна тренинг сесија за Хаас на Ајфелското Гранд При на Нирбургринг во Октомври, но времето во текот на викендот не дозволи возење во Петок.

Се очекува во болидот на Хаас на овој тест за млади возачи воАбу Даби да се појави Мик Шумахер, но тоа сеуште не е потврдено. Исто така, се посилни се шпекулациите дека Мик ќе вози за американската екипа догодина.

Илот сеуште е во борба за Формула 2 титулата годинава откако победи на три трки и имаше 4 пол позиции во импресивната втора сезона во тркачката серија. Во моментов заостанува 22 поени зад Мик Шумахер кој води.

нетрпелив сум повторно да се вратам во болидот во абу даби и благодарен сум на алфа ромео и академијата на ферари за можноста која ја добивам.

секоја шанса за возење формула 2 болид е важна да се искористи затоа што тоа е начин да стекнам искуство не само во кокпитот туку и во работата со тимот и инженерите кои се помеѓу најдобрите во светот и треба да искористам се што знаат – изјави илот по веста дека ќе добие нова шанса во алфа.

калум е еден од најветувачките млади возачи кои се пробива низ јуниорските серии, а неговите перформанси во формула 2 го покажуваат тоа. немаше среќа да вози за нас миантиот месец кога требаше да одработи петочна сесија над нирбургринг и заслужува да добие нова можност по крајот на сезоната.

неговиот став и работна навика остравија многу позитивен впечаток на тимот кога тестираше за нас лани, така што нетрпеливи сме да го видием и по крајот на сезоната – дополни фредерик васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ