И Џовинаци ќе тестира Алпин на Хунгароринг

Антонио Џовинаци ќе биде дел од листата на возачи кои ќе го тестираат ланскиот Алпин во Будимпешта месецов.

Италијанецот кој е поврзан со место во Хаас е сериозен кандидат да го пополни испразнетото место од Фернандо Алонсо. За пополнување на улогата на втор возач, тимот реши да проба повеќе возачи за што ќе го користи ланскиот А521 болид на Хунгароринг.

Џек Дуан, младиот штитеник на французите, исто така ќе добие време во болидот и ќе тестира за тимот, а планот е полека да се воведува во Формула 1 екипата. Исто така, се верува дека Алпин ќе го пробаат и одличниот Ник де Врис, Индикар возачот Колтон Херта кој сеуште нема суперлиценцаза трка. Целата конструкција со американецот е да им се помогне на АлфаТаури да се уверат во неговите перформанси со цел да се дојде до Пјер Гасли.

Лорен Роси, шефот на Алпин, посочи дека тимот бара искусен возач кој веднаш ќе почне да испорачува брзина и да носи поени, така што очигледен избор е Џовинаци затоа што де Врис и Дуан немаат искуство, иако холанѓанецот се покажа одлчен како замена на Албон минатиот викенд.

Џовинаци беше забележан во делот на Алпин во падокот на Монца иако сеуште е возач во договор со Ферари и дел од нивната Академија. Годинава ќе добие да тренинга со Хаас согласно договорот со Маранело.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ