Капито ги разгледува можностите за соработка со Ауди

Јост Капито изјави дека неговиот тим ги разгледува можностите кои ги нуди Ауди за можно партнерство. 

Тимот од Гроув долго време вози со мотор на Мерцедес со кој има партнерство од 2014 година и во првите години на турбо ерата беа на трета позиција кај конструкторите.  Но, од 2026 година се очекуваат нови правила за моторите, а Порше и Ауди сакаат да влезат во Формула 1. Порше се очекува да соработува со Ред Бул додека Ауди сеуште нема јасна слика. Ауди не сака да влезе како доставувач на мотори и бара можност да направи фабрички тим. 

Интересно е за секој тим да соработува со некој производител. Сеуште немаме одлука бидејќи водиме разговори, Но и правилата не се донесени. Одлуката на Фолксваген ќе биде во зависност од правилата. Ќе почекаме уште неколку недели – најави главниот извршен директор на вилијамс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ