Квјат се надевал на уште “полуда“ трка на Муџело

Тосканското Гранд При беше трка од три хаотични дела, но Даниил Квјат посакувал да биде уште “полуда“ со цел да го подобри својот пласман од 7мо место.

Квјат успешно го избегна хаосот и стигна до својот четвртти пласман во топ 10 во 2020 година, негова најдобар досега, благодарени на солидното возење. Но русинот, кој заврши во поени и на Монца, се надевал дека ќе има повеќе среќа и уште подобар резултат.

Мислам дека беше важно за тимот да освои солидни поени. Прилично сум задоволен со резултатот, со моето возење и со работата на тимот. Беше комплицирана трка за сите, стартувајќи од ново неколку пати, со голем ризик, но имавме правилна стратегија. Болидот беше добар и прилично сум среќен со поените.

Беше важно да ги избегнеме инцидентите. Секако се надевам на повеќе луди моменти, но немаше такви каде може да капитализираме повеќе. Сепак, задоволен сум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ