Квјат смета дека врвна екипа би требало да ги користи неговите услуги

Довчерашниот возач на АлфаТаури, Даниил Квјат, се надева дека неговото искуство ќе му помогне да се врати во Формула 1 во 2022 година. 

Русинот не доби продолжување на договорот со АлфаТаури и отвори место за Јуки Тсунода, Формула 2 возачот кој следната сезона ќе се трка за малата екипа од Фаенца. Тоа значи дека тој ќе паузира оваа година како што тоа го направи во 2018 година. 

Идеално, 2022 година би било логична година да се вратам кога ќе има нови правила и на тимовите ќе им треба искуство. Можам да гарантирам за моето искуство кое е доста важно посебно кога има нови правила. Ќе дадам се од себе бидејќи мисалм дека можам уште многу да дадам на спортот – смета дани.

Квјат признава дека оваа сезона бил послаб од Гасли кој имаше победа на Монца, но и дека неговите перформанси биле подобри во вториот дел на сезоната. 

Сега сум покомплетен возач. Дури и со притисокот околу мене за мојата иднина, можев да дадам 100% што во минатото беше проблем за мене.

Мојата кариера беше екстремно брза. Во првиот дел не знаев што се случи, Бев во Торо Росо па ме префрлија во Ред Бул. Имав силна сезона и знаеме што се случи подоцна, Имав тешки години.

Во 2019 година имав различен пристап. Свртев нов лист и научив многу за како да бидам подобар. Овие две сезони бев многу подобар и знам како да се покажам на високо ниво. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ