Кери го поддржува Копенхаген

Првиот човек на Формула 1, Главниот извршен директор Чејс Кери, даде поддршка за трка низ данскиот главен град Копенхаген откако неделава ја посети престолнината. Копенхаген е помеѓу најсериозните локации за нова трка од 2020 година, а проектот е предводен од Министерот Хелге Сандер и поранешниот Главен извршен директор на Саксо Банк, Саиер Кристенсен.

Во Либерти Медиа многу често се размислува за носење на трката во големи градови и поблиску до фановите.

Возбудени сме од можноста да истражиме потенцијални планови за трка во Данска. Мислам дека Копенхаген е таква локација која може да ни даде фантастична платформа. Скандинавците се многу важен дел од нашиот спорт, а имање на локален возач секогаш е голем плус за посетеноста – изјави Кери за Reuters за време на посетата на Копенхаген.

Данска никогаш во историјата нема организирани Гранд При трка, а во спортот се присутни преку својот возач Кевин Магнусен. Германија и Франција се враќаат на календарот годинава, така што ќе гледаме 21 трка сезонава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ